Утрински Весник
Македонија

В година Македонија ќе набави 500.000 дози од вакцините на „Фајзер“

В година Македонија ќе набави 500.000 дози од вакцините на „Фајзер“

Владата ја усвои информацијата за набавка на вакцини против Ковид–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози вакцини од производителот „Фајзер“.

Во набавката треба да бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјата на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози, соопшти Владата.

Согласно информацијата, дозите за возрасните треба да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година. Вкупната количина треба да се испорача до декември следната година.

Од Владата нагласија дека набавката на оваа количина вакцини против Ковид-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.

Можете да прочитате

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

АА: Додека го напаѓа ВМРО ДПМНЕ, знаеме дека претседателот Арбен Таравари е на вистинскиот пат!

Михаилов: Од запалени глувци до скакулци, па дури и вештачки бубачки што шират пожари