Утрински Весник
Македонија

Вчера се вакцинирани 11.695 граѓани

Вчера се вакцинирани 11.695 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани, информира Министерството за здравство. Прва доза на вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а се вакцинирале вкупно 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани, додаваат од здравство.

Со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 Арена, СЦ Борис Трајковски во Скопје“, соопштија здравствените власти.

Можете да прочитате

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ

Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум

ВМРО-ДМПНЕ: СДС и Спасовски цели 8 години не успеаја да се справат со криминалните банди во Македонија, заврши времето на „како до сега”