Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Вчера се аплицирани 14.928 вакцини

Вчера се аплицирани 14.928 вакцини
300x250 opst2

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можете да прочитате

Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило – Од 1.502 сообраќајни прекршоци 958 за брз возење

Почина 23-годишниот Христијан Сребреновски, за кого се собираа средства за лекување

Го нападнале тројца и му го оштетиле автомобилот – Скопјанец настрадал на паркинг во Карпош