Утрински Весник
Македонија

Вчера се аплицирани 14.615 вакцини

Вчера се аплицирани 14.615 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 481.809 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.294 , а вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.

Со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)