Веселин Вујовиќ, поранешен тренер на Вардар и селектор на Словенија, упатил остри критики кон претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Еден од најдобрите ракометари во историјата на ракометот е против можноста во Србија повторно да биде воведен полициски час. Таквите најави во Србија во последните пет дена иницираа големи протести.
„Дента кога претседателот Вучиќ навести дека би можел да се врати карантинот и полицискиот час, јас пукнав и реков: „Ало, мојот живот не е твоја сопственост“, рекол за „direktno.rs“, Вујовиќ.
„Доколку Вучиќ воведе диктатура, ќе биде казнет од граѓаните. Бараше од мене да држам социјална дистанца, ја држев, бараше од понеделник до четврток да не излегувам од дома, го почитував и тоа. Полицијата не ми дозволи да одам до викендичката по моите лекови, а во исто време луѓе со сомнителен карактер имаа дозволи да се движат по градот. Потоа беше укинат полицискиот час и превентивните мерки. Кога поминаа изборите, народот беше обвинет за враќањето на епидемијата. Јас ќе бидам првиот што нема да го прифатам новиот полициски час.“