Утрински Весник
Спорт

Вујовиќ е нов тренер на Борац од Бања Лука

Вујовиќ е нов тренер на Борац од Бања Лука
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Веселин Вујовиќ е нов тренер на Борац од Бања Лука. На клупата на босанскиот ракометен клуб ќе го наследи Мирко Микиќ кој ќе остане дел од стручниот штаб.

Според зборовите на спортскиот директор на Борац, клубот и Вујовиќ многу брзо се договориле, а тренерот не поставувал некои посебни услови.

Последниот ангажман на тренерот кој е омилен меѓу навивачите на Вардар беше во ППД Загреб. Пред да биде на чело на хрватскиот клуб, популарниот Вујо беше и на кормилото на Металопластика, Партизан, Сиудад Реал, Вардар, Ал Сад, Ал Шабаб, Копер и Железничар.

Вујовиќ беше селектор на Југославија, подоцна и на Србија и Црна Гора, ја предводеше и македонската ракометна репрезентација, а од 2015 до 2019 беше на клупата на Словенија. Со оваа селекција освои бронза на СП во 2017 година во Франција.

Борац од Бања Лука моментно е второпласиран во првенството на БиХ со 24 освоени бода, исто колку и првопласираната Слога, но со послаба гол разлика.

> Вујовиќ е нов тренер на Борац од Бања Лука <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер