Во своето обраќање до српската јавност од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните соопштенија што пристигнуваат од Европската унија, во врска со, како што кажа, дискриминацијата на руските и кинеските вакцини по однос на дозволата за патување во Унијата.
Тој посочи дека граѓаните не треба да се грижат за тоа и да се создава заблуда кај нив, бидејќи и самиот тој, и покарај ваквите најави, ќе се вакцинира со кинеската вакцина.
„Ќе се вакцинирам со кинеската вакцина. Требаше да биде за десет дена, но сега ќе го забрзам тој процес веднаш штом се вратам“, кажа Вучиќ.
Тој исто така рече дека српските државјани не треба да се грижат за патувањата и додаде дека оние кои примиле кинеска вакцина, треба да бидат опуштени затоа што ќе им бидат обезбедени дозволи.
„Нека не се грижат граѓаните на Србија. Тие треба да патуваат без никакви проблеми“, истакна претседателот.
Тој објасни дека граѓаните кои примиле кинеска вакцина не треба да се грижат дали ќе можат да патуваат затоа што, како што тврди, лесно ќе се издаваат тестови за тоа.
„Од друга страна, тоа ќе ни овозможи забрзан развој, ќе покаже дека Србија е слободна земја, дека се почитува слободата на движење и на различностите“, оцени Вучиќ.