Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Ќе мора да се вакцинираме секоја година

Вучиќ: Не го прифатив документот за признавање на Косово, такви точки ќе нема повеќе во разговорите

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, рече дека секоја година ќе мора да се вакцинираат против коронавирус.

„ Од први април тука ќе работи производствениот погон на кинескиот „Синофарм“. Познавајќи го нашиот пријател Шеик Мохамед, можеме да обезбедиме доволен број вакцини за нашите граѓани“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека е многу важно луѓето да се вакцинираат, особено поради новите соеви на вирусот. Според него, прашањето за вакцинација станува едно од клучните прашања на националната безбедност. Нагласи дека ова ги заштедува здравјето и животот на луѓето, но и економијата.

„ Секое затворање нè чини, 190 милиони долари за еден ден“, рече тој, додавајќи дека се важни набавките за вакцини, а уште поважно е стратешкото обезбедување вакцини за населението.

„ И да ги вакцинираме сите во нашата земја, ако во регионот имаат проблем, ќе имаме и ние“, предупреди Вучиќ.

Тој рече дека „ќе биде чудесно абрзо изградените нови капацитети, фабриката за вакцини, да почне да произведува најдоцна до 15 октомври“.

„ Вакцините „спутник В“ веќе работат со Торлак, верувам дека ќе можеме да ги произведуваме. Ако го сториме тоа ќе се обезбедиме долгорочно”, рече српскиот претседател.

Според него, важно е дека Србија успеа брзо да изгради две нови ковид болници.

„ Што ќе правевме сега без нив, ќе собиравме луѓе во вреќи. Каде ќе ги чувавме ако не набавевме опрема”, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали Кина поздравува — или се плаши од — војна меѓу Иран и Израел?

УНИФИЛ: Израелски тенк намерно гаѓаше и оштети караула на ОН во јужен Либан

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите