Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вучиќ: Ѓукановиќ сака Црна Гора без Срби

Вучиќ: Ѓукановиќ сака Црна Гора без Срби
300x250 opst2

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на интервјуто што го даде црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за „Јутарњи лист“, нагласувајќи дека Србија е нападната од Загреб секој ден, но дека тие не рекле ништо.

Тој рече дека Ѓукановиќ, кој во интервјуто за „Јутарњи“ вели дека Вучиќ сака Косово без Албанци и Црна Гора без Црногорци, направил се за Црна Гора да биде без Срби и дека обвинувањата на црногорскиот претседател се „одраз на неговата потсвест“.

„ Јас ниту сакам, ниту можам да замислам Косово без Албанци или Црна Гора без оние што се декларираат како Црногорци. Се што направи беше да ја направи Црна Гора без Срби. Но, тоа е потсвеста, бидејќи сака Црна Гора без Срби. Сакам Црна Гора во која ќе живеат сите, а не да сакате Србите да исчезнат, да измислувате православна црква во Црна Гора, само да нема српска црква. Тоа беше ваша желба, не моја. Мислите дека треба да се плашам, а не да одговарам со вистина и факти“, рече Вучиќ.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во интервју за „Јутарњи лист“ вчера истакна дека пораките на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе ја признае независноста на Црна Гора се неискрени. Тој во интервјуто наведува дека Вучиќ би сакал Косово, но без Албанци, и Црна Гора без Црногорци.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа