Утрински Весник
Свет

Вучиќ со Макрон ќе разговара за Косово, ЕУ и белградското метро

Вучиќ со Макрон ќе разговара за Косово, ЕУ и белградското метро
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Париз, каде денеска ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, што ќе биде нивна 11-та средба.

Клучни теми на разговорoт ќе бидат Косово, евроинтеграциите на Србија, билатералните односи, како и изградбата на метрото во Белград.

„Ќе разговараме за многу важни работи, ова е наш 11-ти состанок. Маркон е еден од најважните светски лидери и искрен пријател на Србија, а неговата посета на Србија во 2019 година беше од историско значење за нашите односи, и оттогаш нашата политичка и економска соработка само се зголемува“, рече синоќа Вучиќ за ТВ Пинк.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони

Рим ја продолжува воената помош за Киев за следната година