Утрински Весник
Свет

Вучиќ со два концепти за влада – коалиција со една партија или избори за година ипол

(Видео) Вучиќ ги осуди протестите: Сведоци сме на брутално политичко насилство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изнесе два можни модели за формирање влада.

„Јас би предложил два концепта. Едниот е проста коалиција со една политичка партија, не би кажал која. Со оглед дека ни се заканува нов бран на коронавирус на есен и со оглед на ситуацијата на Косово, другиот концепт е да речеме за година ипол да се одржат парламентарни избори, така што ќе има еден вид концентрациона влада. Ако ме прашате, јас сум поблизу до првиот концепт“, вели тој.

Вучиќ додаде дека „брои“, но не математички, туку политички, односно разгледува што се случува во светот, во Европа, со цел да се донесе најдоброто решение за земјата и граѓаните. Тој најави дека неговиот предлог ќе биде презентиран наскоро.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белорусија прикажа распоредување на рускиот хиперсоничен систем „Орешник“

Белорусија распоредува ракети „Орешник“ на својата територија

Трамп: Хамас го чека пекол ако не се разоружа