Утрински Весник
Свет

Вучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија

Вучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија
Dik 300x250 mk

Според првичните резултати од претседателските избори во Србија, актуелниот претседател, Александар Вучиќ освоил 59,6 отсто од гласовите што е повеќе од неопходните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто, објави „Блиц“.

Во однос на парламентарните избори, Српската напредна партија предводена од Александар Вучиќ според досега пребројаните гласови е во водство со 51,55 осто од обработени речиси 10 проценти од избирачките места. Зад нив е СПС на Ивица Дачиќ со 13,26 проценти од гласовите.

Излезноста на изборите во Србија изнесува 58,79 отсто што е најмногу во последните 10 години.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците