Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Не го прифатив документот за признавање на Косово, такви точки ќе нема повеќе во разговорите

Вучиќ: Не го прифатив документот за признавање на Косово, такви точки ќе нема повеќе во разговорите

Разговорите траат и ќе продолжат до изутрина, ќе видиме дали ќе има договор. Најважно е што првиот документ наречен „економска нормализација“ беше ужасно тежок имаше 16 точки, а една точка беше за признавање на Косово што и не е некоја новост, рече српскиот претседател Александар Вучиќ од Вашингтон.

„ Јас кажав дека не можам тоа да го прифатам, луѓето беа фер, ме сослушаа и мислам дека во следните документи таа точка ќе ја нема. Ние дојдовме да постигнеме договор, за нашата економија и економијата на Косово, беа присутни сите што се занимаваат со американската економија. Се бориме Приштина да го прифати малиот Шенген, има различни политички апсекти, во тек е борба.

Јас не бев херој внатре, моја работа е да го чувам Уставот и Србија. Јас ги штитиам нашите интереси. Ние сме за нормализација на економските односи, но нашите разузнавачки податоци беа точни и не промашивме ништо. Реагиравме енергично и конкретно. Ако успееме да издејствуваме уште некои детали, ќе биде добро, има многу добри работи. Ако има прием на највисоко ниво тоа ќе значи дека ние не сме незадоволни“ истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека имаат три документи, но дека утре е финалниот документ, ако, како што рече, воопшто го има.

„ Немојте да се плашите дека ќе потпишам признавање на Косово. И точка. Тоа го кажав и на делегацијата на Косово и на Американците. Кога кажавме дека не може да се случи признавање на Косово, тие почнаа се друго да не прифаќаат. Тие само бараат признавање на Косово. Но тоа нема веќе да биде тема. Јас кажав јасно дека Србија нема намера за тоа повеќе да разговара“ им порача Вучиќ на Србите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници