Утрински Весник
Македонија

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е до јануари 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е до јануари 2023 да нема граници помеѓу нашите земји
Dik 300x250 mk

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата Мини Шенген, каде учествуваaт и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама.

Во обраќањето на форумот, Вучиќ посочи дека лидерите на трите земји одлучиле погледот кон минатото да го свртат кон иднината и да размислуваат за идните генерации.

„Ние секако дека сите сме на Европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, изјави претседателот на Србија на Економскиот форум додавајќи дека на политичарите од регионот им е важно на своите граѓани да им покажат дека се во состојба да носат самостојни одлуки.

Вучиќ додаде дека со оваа иницијатива се докажува оти Србија, Македонија и Албанија покажуваат дека се способни да си помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1 јануари 2023 година нема да има граници меѓи нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент“, истакна српскиот претседател.

Ова го потврди и премиерот Зоран Заев кој кажа дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан.

„Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко. Второ, да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги преку заемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интеркомпаниски трансфери. Трето, да го прошириме слободното движење на граѓаните преку овозможување мобилност на студенти, научници“, нагласи Заев додавајќи дека денеска ќе бидат потпишани три важни договори во таа насока.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената