Утрински Весник
Свет

Вучиќ најави инвестиции во „Торлак“, започнува производството на четиривалeнтна вакцина

Вучиќ: Добивме официјална агенда за состанокот со Приштина во Вашингтон

Србија наскоро ќе произведе четиривалентна вакцина против грип, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм.

„Почитувани граѓани, заедно со премиерката Ана Брнабиќ, многу министри, но и со сите професионални луѓе од областа на фармацијата и медицината, донесовме неколку важни одлуки“, изјави Вучиќ во видеото на својот профил за иднината на Србија.

„Државата ќе инвестира 18 милиони евра во капацитетите за полнење и пакување на вакцини, за пакување вакцини против грип, но и тетанус, дифтерија и вакцини против Ковид 19“, најави Вучиќ.

“За нашиот „Торлак“, уште 20 милиони евра, за уредување на просториите и реновирање на фасадите, ќе организираме паркови и пристапни патишта. Сакаме да го направиме „Торлак“ една од најдобрите фабрики за вакцинирање во цела Европа”, рече претседателот на Србија.

„Која е најсреќната вест-од денес ја започнуваме процедурата, работиме на деловен план и влегуваме во процес на производство на четиривалентна вакцина против грип“, посочи тој.

„Напред „Торлак“, напред Србија!“, Напиша Вучиќ.

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија