Утрински Весник
Свет

Вучиќ му пиша на Путин

Вучиќ му пиша на Путин

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по повод Божиќ, испрати писмо до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Им упатувам срдечни честитки на вас и на сите православни христијани во Руската Федерација. Нека овој најсреќен празник на помирување, хармонија и семејна хармонија донесе љубов и добра волја во сите срца, среќа и секаков напредок во домовите“, се вели во честитката.

Според Вучиќ, „годината зад нас беше тешка, но тоа покажа дека, во време на предизвици, со разбирање, солидарност и љубов кон ближниот, можеме да им одолееме на искушенијата“.

„Драго ми е што Србија и Русија, дури и во ова време на неизвесност, покажаа блискост и силно пријателство“, вели Вучиќ, кој потврди дека Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белгиските земјоделци излегоа на протест

Над 5.000 убиени во протестите во Иран

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин