Утрински Весник
Свет

Вучиќ за односите со Македонија: Го прифаќаме нивниот јазик и нација, немаме никаков проблем со нив

Вучиќ за односите со Македонија: Го прифаќаме нивниот јазик и нација, немаме никаков проблем со нив

Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интрвју за ТВ Пинк оцени дека добрососедските осноси со Македонија мора да се негуваат, во пресрет на средбата „Отворен Балкан“ во Тирана.

Вучиќ рече дека оваа иницијатива ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал.

„Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото“, рече Вучиќ.

„Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив“, изјави Вучиќ во интервјуто за ТВ Пинк.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури