Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека добиле официјална агенда за средбата со Приштина во Вашингтон, на кој е ставено се за коешто претходно е разговарано со американскиот претставник Ричард Гренел, но дека се очекуваат и изненадувања.
„Не сум сигурен дека тоа ќе запре тука. За жал, мојот политички нос често можеше да почувствува различни видови можни изненадувања и стапици”, рече Вучиќ на телевизијата Пинк.
Тој рече дека единствената тема насекаде е „заемно признавање“, и дека таа темата ќе се отвори и во САД и на крајот во Европа и дека до тогаш ќе има приказни за „нормализирање на односите“.
„Како што стојат работите, гледам дека нè очекуваат многу големи и тешки проблеми, во кои сите мислат дека треба да ги завршат своите работи на штета на Србија, без да и дадат нешто на Србија“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија ќе ги зачува своите национални интереси.