Утрински Весник
Свет

Вулканска ерупција на Јава затвори локален аеродром

Вулканска ерупција на Јава затвори локален аеродром

Во Индонезија денеска беа откажани летови, откако локален аеродром мораше да се затвори поради вулканска ерупција во Јава.

Вулканот Раунг во областа Банјуванги започнал да еруптира вчера, исфрлајќи пепел во височина од 2.000 метри, објави државниот центар за вулканологија. Засега нема извештаи за жртви.

Авиокомпанијата „Лајон ер“ објави дека откажала шест летови од Банјуванги.

„Причината за затворањето е ерупцијата на Маунт Раунг. Вулканската пепел може да оштети некои делови од авионите и да ги загрози летовите”, објаснуваат од аеродромската служба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија