Утрински Весник
Македонија

Втор „SPEECH4INCLUSION” за инклузивно образование

Втор „SPEECH4INCLUSION” за инклузивно образование

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи  „Чекор по чекор“ денеска ќе биде одржано второто издание на инспиративниот настан за инклузивно образование „Speech4Inclusion”.

Второто издание на “Speech4Inclusion”, како што информираат организаторите, е по повод завршувањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, како и Светскиот ден на социјалната правда.

На настанот, соопштуваат организаторите, своите кратки инспиративни приказни за инклузивното образование и општество ќе ги споделат еминентни практичари, активисти, родители и ученици.

Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ ја поддржува инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на децата и младите со опреченост.

Овој проект го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со поддршка од Европската Унија.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ