Утрински Весник
Спорт

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Перм, 23 февруари 2020 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа вториот пораз во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија во Перм на гостувањето кај Русија со 77:67.

Избраниците на селекторот Александар Тодоров добро го орворија мечот и ја добија првата четвртина со 20:19. Во вториот период домаќините постигнаа 19, а нашите 16 поени, па на полувреме со отиде со резултат 38:36 за фаворитот.

Голема борба се водеше и во второто полувреме. Рустите го контролираа резултатот, но не успеаја да се одлепат, а во 38. минута македонските кошаркари се доближија на минус три (70:67), но „зборнаја“ не дозволи изненадување и на крајот се радуваше на првиот успех во овие квалификации.

Во вториот натпревар од 2.коло во Б-групта, вечерва играат Естонија и Италија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026