Утрински Весник
Спорт

Второ злато за Ајлин Гу на ЗОИ

Второ злато за Ајлин Гу на ЗОИ
Dik 300x250 mk

Американката која ги брани боите на Кина, Ајлин Гу Ајлин, го освои второто злато на Зимските олимписки игри во Пекинг. Една од најголемите ѕвезди на ЗОИ, победи во скијање во слободен стил.

По победата во дисциплината „биг ер“, девојката родена во Сан Франциско, го освои златото и во дисциплината „халфпајп“. Клучна за победата беше втората серија, за која доби оценка 95,25.

Ајлин Гу Игрите во Пекинг ги заврши со три медали, покрај двете златни таа освои и сребро во дисциплината „слоупстајл“.

Среброто и бронзата од овој натпревар одат во Канада. Кеси Шарп беше вотра, а Ракел Каркер трета.

Моделот на Викторијас Сикрет – Гу Ајлин освои златен медал на ЗОИ 2022

> Второ злато за Ајлин Гу на ЗОИ <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата