Утрински Весник
Спорт

Второто Ел класико во Ла Лига ќе се одигра на 20.март

Второто Ел класико во Ла Лига ќе се одигра на 20.март

Ла лига го објави кога ќе се одигра второто Ел класико во фудбалскиот шампионат на Шпанија.

Реал ќе ја пречека Барселона на 20.март, во рамките на 29.коло. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 21 часот.

Првото дерби во сезоната, им припадна на фудбалерите на Реал, тие славеа во Барселона со 2:1. Тимовите се сретнаа и минатиот месец, во полу-финалето на Суперкупот. Во Саудиска Арабија, по продолженијата ја победи Барселона, а подоцна и го освои трофејот.

Реал, во овој момент се лидери на табелата, имаат 15 поени повеќе од Барселона.

> Второто Ел класико во Ла Лига ќе се одигра на 20.март <

Можете да прочитате

Шалке го продава стадионот на навивачите за да се спаси од банкрот

Панатинаикос ќе се жали на судењето во Париз

Надал: Синер и Алкараз имаат светла иднина, но далеку се од големата тројка