Утрински Весник
Македонија

Втора фаза од санирањето на карпите кај регионалниот пат на излезот од Велес

Втора фаза од санирањето на карпите кај регионалниот пат на излезот од Велес

Велес, 5 мај 2020 (МИА) – Вработени од битолската фирма „Стентон Градба“ деновиве ја изведуваат втората фаза од санирањето на карпите кај регионалниот пат на излезот од Велес кон Градско.

Како што информира за МИА Баже Петров од „Стентон Градба“, се очекуваа санирањето да заврши за десетина дена и патот повторно да биде ослободен за движење на пешаците, но не и за возилата. Возачите ќе треба да почекаат да се изведе и третата завршна фаза.

Градежните работи на свлечиштето од ридот Цуцка и овој дел од патот по многу најави и  одлагања почнаа на почетокот на март, а рокот на изведба е осум месеци.

-Во оваа втора ризична фаза наша екипа на вработени врзани со јажиња по карпите вршат кавење – со рачни алатки тие рачно ги отстрануваат опасните делови од карпи надвиснати над патот.Работите на карпите се ризични а ние од претпазливост го затворивме патот за минување и на пешаците, а за заштита на асфалтот поставивме тампон.Планираме работите од оваа втора фаза да завршат за десетина дена,а по што овој дел од патот повторно ќе биде пуштен за движење на пешаците. Но, затоа возачите ќе треба да почекаат уште неколку месеци  до завршување на третата фаза, рече Петров.

Тој појасни дека во третата фаза ќе се врши бушење на карпите за поставување метални шипки и заштитна мрежа по што ќе следува и вградување бетон на околу 5.000 метри квадратни од површината на карпите. Со тоа Цуцка ќе се заштити од нови одрони на патот, како што беа претходно беше заштитена и опасната карпа под Градскиот саат во Велес. Планирано е и ново асфалтирање на оштетениот пат, како и поставување еластична заштитна ограда на патот од страната над пругата.

Во првата веќе завршена фаза на овој дел над пругата се  направи потпорен армиран ѕид и се постави бетонска греда. Тој појасни дека токму на оваа бетонска греда во третата фаза ќе биде поставена еластична ограда од страната над пругата,со цел да се заштити безбедноста на возилата и пешаците на овој дел опасен дел од патот.

Проектот вреден над 62 милиона денари Општина Велес го издејствува од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Карпата од ридот Цуцка падна на 13 март 2018. Немаше жртви, но беа онеспособени пругата Велес-Гевгелија и патот Велес кон Градско. Пругата за кратко беше оспособена за сообраќај, а сообраќајот на патот Велес-Градско на излезот од Велес две години се одвиваше само по една коловозна лента.

Од март годинава со стартување на градежните работи  и двете  коловозни ленти се стопирани  за сообраќај, а сите возачи на  патот од Велес кон Градско наместо по овој регионален поблизок пат, мора да вртат по автопатот Велес-Градско и обратно кој е подолг за неколку километри. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор