Утрински Весник
Македонија

Втора фаза од ревитализацијата на локалниот пат од Стојаково до Богородица

Втора фаза од ревитализацијата на локалниот пат од Стојаково до Богородица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 7 мај 2020 (МИА) – Денешното воведување во градежните работи го означи почетокот на реализацијата на втората фаза од ревитализацијата на регионалниот пат што ги поврзува Богданци и Гевгелија од кај крстосницата кај безинската пумпа на „Шимов“ преку селата Стојаково и Богородица.

Целосната обнова на оваа локална делница, според одговорните, треба да создаде услови за понатамошна непречена финализација на проектот за изградба на експресниот регионален пат од крстосницата кај Фурка преку Богданци до Гевгелија, од кој првата фаза е веќе при крај.

Откако ќе биде изграден, по патот преку Стојаково и Богородица, ќе се одвива сообраќајот на релација Богданци-Гевгелија се додека не заврши изградбата на делот од регионалниот пат што нив директно ќе ги поврзува.

Втората фаза од проектот, со вредност од околу пет милиони денари се имплементира преку Програмата на Бирото за рамномерен регионален развој и Центарот за развој на југоисточниот плански регион. им/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите