Утрински Весник
Македонија

Втора недела без пазарен ден во Тетово

Втора недела без пазарен ден во Тетово

Тетово, 25 март 2020 (МИА) – Со одлука на тетовскиот кризен штаб и утре, четврток, нема да има пазарен ден, а објектите каде се продаваат овошја и зеленчук ќе бидат затворени. Ова е втора недела по ред како се затвораат пазарите во Тетово со цел да се намали опасноста од собирање на повеќе луѓе и ширење на коронавирусот.

– Да се заблагодарам на граѓаните за разбирањето за постапката за минатата недела. Одлуката е исто така и овој четврток да не се организира пазарен ден и сите пазари ќе бидат затворени за да нема големо собирање на луѓе на едно место поради опасноста од вирусот Ковид-19, истакна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Зелениот пазар во Тетово е полузатворен објект. Освен во внатрешноста на тезги, на пазарниот ден во четвртоците и околу објектот се зголемува бројот на луѓе кои продаваат земјоделски и сточарски производи.

Голема фреквенција има и кај т.н. Женски пазар, лоциран пред почетокот на патот кон Попова Шапка. И таму покрај во оградениот пазар, во четвртоците голем број продавачи на околните тротоари и улици поставуваат импровизирани тезги и нудат разни производи. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер