Утрински Весник
Македонија

Втора дезинфекција на објектите во надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Втора дезинфекција на објектите во надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републикава изврши втора дезинфенkција на четирите катни гаражи со кои стопанисува.

Станува збор за катните гаражи „Кресненско востание’’, „Разловечко востание’’,„Солунски конгрес’’и „Смилевски конгрес“. Дезинфицирани се и заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите и патеките на движење).

Од претпријатието најавуваат дека ваква акција ќе биде реализирана и во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба ќе продолжи согласно препораките на Владата.

Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на 20-те социјални згради низ државата.

– По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендерите, информираат од претпријатието.

Дезинфекција е спроведено и во сите 11 подружници на претпријатието.

Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување  на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19. бак/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег