Утрински Весник
Македонија

Врховен ја одби жалбата на Јово Вангеловски за неговото разрешување

Разрешен Јово Вангеловски, за в.д. претседател на Врховен суд избран Фаик Арслани

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата од поранешниот претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Врховниот суд, на вчерашната седница одбиена е жалбата на Вангеловски од 23 септември 2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд.

Вангеловски беше разрешен поради несовесно вршење на функцијата.

За в.д. претседател на Врховниот суд беше избран судијата Фаик Арслани, откако Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот