Утрински Весник
Македонија

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во Кумановскиот регион, како и водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион.

Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог и други, информираат од УХМР.

Метеоролозите очекуваат сите водостои кај водотеците и езерата и понатаму да бидат во покачување, а како најкритични ги посочуваат реките Вардар горен и среден тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика, Сатеска и нивните притоки.

Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна и други.

Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата. На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите.

Според Синоптичката Информација од утрово, најмногу дожд има: 48 Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Кр.Паланка, Берово, 12 Претор.

Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата.

Поради облините врнежи од дожд, ЈКП „Комуналец“ Гостивар претходно извести дека водата од гостиварската водоводна мрежа е загадена и не смее да се користи за пиење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција