Утрински Весник
Македонија

Времето денеска облачно и со дожд во вечерните часови

Времето денеска облачно и со дожд во вечерните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени, јави УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 35 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“