Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“

Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“
300x250 opst2

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Град Скопје известува дека поради реконструкција на коловозот на  улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, од утре на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација и ќе се однесува на потегот од кружниот тек на  крстосницата со улица „Боца Иванова“, до крстосувањето со улица „Бутелска“.  Ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица „Александар Урдаревски“, информираат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот. ир/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник