Џенифер Анистон мисли дека забавната индустрија сега е помалку гламурозна од некогаш.
52-годишната актерка достигна светска слава како Рејчел Грин во „Пријатели“, но сега смета дека индустријата драматично се променила во последните години.
Во интервју за „Холивуд Репортер“ таа вели: „Веќе не знам што е забавна индустрија. Не е истата како порано. Веќе не е толку гламурозна. Полека станува збор за следачи на Тикток и на Инстаграм.“
„Се чини дека сега вработуваат врз основа на бројот на следачи, а не врз основа на талентот. Губам контакт, не сум добра во тоа. Ќе останам релевантна и ќе се придружам на Тикток,“ рече таа со мала доза на иронија.
Џенифер всушност се приклучи на Инстаграм во октомври 2019 година, многу подоцна од другите селебрити-личности, и стана корисник кој најбрзо достигна еден милион следачи. Таа тогаш призна дека генерално ужива во интеракција со своите фанови.
Разговарајќи за својот однос кон социјалните мрежи, актерката објасни: „Еднаш прашав дали може да се приклучам на Твитер на еден ден и потоа да го деактивирам профилот. Ми рекоа дека треба да продолжам без разлика дали тоа ми се допаѓа или не.“