Утрински Весник
Свет

Вработените во клинички центар во Австрија одбиваат да ја примат вакцината на „Астразенека“

Уште еден лекар во Албанија ја загуби битката со Ковид-19

Лекарите и највисокиот медицински персонал на Виенскиот клинички центар АКХ се против примањето на вакцината на „Астразенека“.

Со онлајн петиција, која веќе ја потпишаа повеќе од 500 вработени, тие се обратија до раководството на АКХ, протестирајќи дека вакцинирањето на персоналот во таа институција се врши со вакцините на „Астразенека“, а не како што беше планирано со „Бионтек-Фајзер“.

Управата на АКХ посочува дека стратегијата за вакцинација е променета, поради проблеми со испораката на „Бионтек-Фајзер“.

Медицинскиот персонал на АКХ посочува дека вакцината „Астразенека“ не е толку ефикасна како онаа на „Бионтек-Фајзер“, бидејќи во идеален случај има ефект од 58 до 82 проценти.

Тие исто така наведуваат дека проблемот е што стекнувањето на имунитет со вакцината на „Астразенека“ трае 12 недели, а со другите вакцини три недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона