Утрински Весник
Свет

Вработените во „Гугл“ ќе работат од дома до септември 2021 година

Австралија е прва земја во светот каде што „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе треба да плаќаат за објава на вести

Американската компанија „Гугл“ објави дека нејзините вработени ќе можат да работат од дома до септември 2021 година.

Компанијата исто така најави дека ќе ја тестира идејата за „флексибилна работна недела“ веднаш штом работниот процес се нормализира, изјави извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи.

Според таа идеја, кога епидемиолошката состојба ќе се смири и процесот на работа повторно ќе се нормализира, вработените ќе можат да работат во канцеларија три дена, а два од дома.

„Ние сакаме да ја тестираме идејата дека флексибилното работно време може да придонесе за подобра продуктивност, соработка и општо добро на компанијата“, рече Пичаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет