Лос Анџелес, 20 февруари 2020 (МИА) – Играчите на американски фудбал Грег Робинсон и Квон Бреј се уапсени од полиција, откако во нивниот џип се пронајдени 70 килограми дрога. Во возилото на пат од Калифорнија до Луизијана полициска патрола пронајде 71 килограм марихуана, електронска вага, 23 теглички за пакување и други предмети.
Порталот „ТМЗ“ пишува дека со нив во џипот имало и трето лице врз кое Робинсон и Бреј се обиделе да ја префрлат вината. Но, лицето, по распит во полициска станица е пуштено на слобода и без обвинение.
Робинсон во кариерата играше за Лос Анџелес Ремс и за Детроит Лајонс, пред да направи трансфер во Кливленд Браунс во 2018 година. Во кариерата заработи речиси 30 милиони долари. сѓд/сд/