Утрински Весник
Свет

Во Љубљана масовен протест против владата на Јанша

Во Љубљана масовен протест против владата на Јанша

Илјадници луѓе се собраа во Љубљана на мирен протест против владата на Јанез Јанша. Протестот симболично се одржува на датум кој во Словенија се слави како национален празник, Денот на отпорот на окупаторот, посветен на настанот од 1941 година.

Полицијата објави дека се работи за непријавен собир, потсетувајќи дека одлуката на владата забранува собирање на повеќе од десет лица поради епидемиолошката состојба.

Протестот започна околу 17 часот, а полициската управа во Љубљана објави дека митингот се снима.

Демонстрантите кои маршираа низ градот, поминааа пред зградата на владата и застанаа на плоштадот Прешерен во центарот на градот. Беа поддржани од бројни леви-либерални интелектуалци и претставници на граѓанското општество, кои ги осудуваат постапките на сегашната влада против новинарите и независните институции и социјалната криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Со транспаренти демонстрантите изјавија дека се обединиле против „владата на стравот“ и дека се за демократија, слобода и владеење на правото, пренесоа словенечките медиуми.

Можете да прочитате

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор