Утрински Весник
Економија

Во јануари земјава ја посетиле 55.266 туристи

Презентација на резултатите во туризмот остварени во првата половина од годинава

Скопје 12 март 2020 (МИА) – Во јануари годинава во земјава имало 55.266 туристи кои оствариле 109.733 ноќевања, што протставува зголемување за 12,7 отсто на бројот на туристи во споредба со ланскиот јануари, додека бројот на ноќевања пораснал за 6,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1,0 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,6 проценти. При тоа, домашните туристи оствариле за 1,5 отсто повеќе ноќевања, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,4 проценти. вј/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст