Утрински Весник
Македонија

Во Штип се реконструира тротоарот кај Саат кулата

Во Штип се реконструира тротоарот кај Саат кулата

Штип, 26 февруари 2020 (МИА) – Општина Штип почна  со реконструкција на пешачката површина на улицата „Кирил и Методиј“, кај Саат Кулата или познатата Стара чаршија.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој изврши увид во градежните работи рече дека овој тротоар беше во дотраена состојба и тешко прооден за пешаците, а со реконструкцијата граѓаните ќе добијат нова и безбедна пешачка површина.

– Се работи за тротоар којшто беше во лоша состојба и по барање на граѓаните ќе го реконструираме, а инвестицијата ќе биде околу 800.000 денари, вели Бочварски.

Тој најави дека Општина Штип интензивно работи и на уште  неколку инфраструктурни проекти.

– Ќе се рехабилитира улицата „Тошо Арсов“ кај хотел „Оаза“, улицата „Љубен Иванов“ што води до штипската болница, ќе се асфалтира паркинг просторот зад пензионерскиот дом, дел од Булеварот ЈНА кај училиштето „Тошо Арсов“, улицата „Сајбие Демир“ кај новата детска градинка во населба Сењак, рече Бочварски.

Дополнително штипјани ќе добијат нова паркинг платформа во централното градско подрачје кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, а новиот мост на река Брегалница наскоро ќе биде пуштен во употреба и граѓаните ќе имаат големо растоварување во сообраќајот во тој дел од градот. вдј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње