Утрински Весник
Македонија

Во Штип на предвремените Парламентарни избори ќе се гласа на 77 избирачки места

Во Штип на предвремените Парламентарни избори ќе се гласа на 77 избирачки места

Штип, 9 март 2020 (МИА) – Почнаа подготвителните активности на Општинска изборна комисија (ОИК) – Штип за да ги спроведе предвремените Парламентарни избори на 12 април. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека на овие избори граѓаните на Општина Штип ќе гласаат на вкупно 77 избирачки места, а во работата на избирачките одбори се ангажирани 308 лица.

Како што беше во изминатите два изборни циклуси, така и во овој три избирачки места се припоени до најблиските избирачки места. Тоа се 2287, 2289 и 2304. Тоа значи дека и овој изборен циклус останува ист бројот на избирачки места, а тоа е 77 во општина Штип, вели Андреева.

Во тек се и обуките на членовите на избирачките одбори. Андреева појаснува дека едукацијата ја реализираат едукатори од ДИК.

Во моментов не се знае колку граѓани имаат право на глас во Општина Штип, овој податок ќе се добие со доверливиот гласачки материјал, по што ќе се знае дали има помалку или поголем број гласачи од претходните избори. Во Штип еден ден пред изборите своето право на глас ќе го остварат и болните и изнемоштени лица, но и осудениците во Затвор-Штип.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер