Утрински Весник
Македонија

Во Штип малолетник за време на полицискиот час извршил тешка кражба во дуќан

Во самоизолација над 250 граѓани во источниот регион
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 23 април 2020 (МИА) – Малолетник на возраст од 17 години синоќа во 23.10 часот за време на полициски час бил затекнат од страна на полиција како извршува тешка кражба во продавница на улицата „АСНОМ“.  Полицијата констатирала дека од објектот се одземени пари и цигари.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека полицијата ги вратила парите и цигарите на сопственикот, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Таа информира дека синоќа на подрачјето на СВР-Штип за време на полицискиот час пет лица не го почитувале, од кои двајца се малолетници, и се приведени.

Полициските службеници извршиле 74 контроли кај лица во изолација и кај 227 лица кои се во самоизолација. вдј/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани