Утрински Весник
Македонија

Во штипскиот регион од КОВИД-19 излекувани 20 лица

Во штипскиот регион од КОВИД-19 излекувани 20 лица

Штип, 26 април 2020 (МИА) – Во Штип досега се излекувани вкупно 20 лица од КОВИД-19. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека се чекаат и вторите тестови за осум пациенти. Доколку и тие бидат негативни, ќе влезат во бројката излекувани пациенти.

Во штипскиот регион се регистрирани 34 пациенти заразени со коронавирус, од кои 20 се веќе излекувани. Пациентите вообичаено се лекуваа во домашни услови.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека и на Инфективното одделение се намалува бројот на пациенти кои се хоспитализирани и се лекуваат од КОВИД-19. Во моментов на ова Одделение се лекуаваат двајца пациенти, еден од Пробиштип и еден од Пехчево.

Општинските власти за време на викендов извршија комлетна дезинфекција на улиците и јавните површини, а градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски најави дека од утре администрацијата се враќа на работа по старото работно време од 7:30 до 15:30 часот. вдј/мч/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Стравична сообраќајка во Охрид: Автомобил удри во пешаци

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември