Утрински Весник
Македонија

Во штипската градинка „Цветови“ инвестирани околу 90.000 евра

Во штипската градинка „Цветови“ инвестирани околу 90.000 евра

Штип, 18 февруари 2020 (МИА) – Заврши реконструкцијата на клонот „Цветови“ во штипската населба 8 Ноември, во која се згрижени околу 150 деца од претшколска возраст.  Директорката на детската градинка „Астибо“, Билјана Трајчевска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски при денешната посета на оваа градинка истакна дека реконструкцијата, набавката на нов мебел, завеси и теписи чинело речиси 90.000 евра, од коишто  55.000 евра се донација од Јапонската амбасада.

Со донација од Јапонската амбасада, се променија прозорите што беа стари и дотраени и котелот за греење, а додека со финансии од Општината оваа детска градинка набави нов мебел, завеси и теписи.

Денеска сме на увид во детската градинка „Цветови“ во завршените реконструкции во овој клон. Се работи за инвестиција од околу 4,8 милиони денари од кои дел се наша инвестиција, а дел се донација од Јапонска амбасада, вели Бочварски.

Директорката Трајчевска кажа дека ова е многу значајна инвестиција за овој клон, бидејќи после подолг период се реконструираат старите и дотраени работи. Објектот е пуштен во употреба во осумдесетите години на минатиот век. Таа додаде дека во оваа градинка останува да се реконструираат тоалетите, оградата  и во функција да се стави и бунарот за техничка вода, со цел зелени површини околу градинката да се наводнуваат од оваа вода, а не од градскиот водоводен систем.вдј/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ