Утрински Весник
Свет

Во Шпанија соборен температурен рекорд – тоа не се случило 20 години

Во Шпанија денеска бил соборен температурен рекорд во летната предсезона со температура од 40 степени во долината Гвадалкивир во регионот на Севиља, пренесуваат локалните медиуми.

Ова, како што пишуваат, не било случај во последните 20 години.

Високи температури го погодија и блискиот град Кордоба, објави Националната метеоролошка служба АЕМЕТ, пренесе Ројтерс.

Температурите би можеле да достигнат до 42 степени на југот на Шпанија, во долината Гвадијана во Екстремадура и околината, додаваат метеоролозите.

Топлотниот бран продолжува и утре, па температурите би можеле да достигнат до 43 степени во делови од јужна Шпанија.

Топлиот воздух од Северна Африка ги подигна температурите до максимум и бранот би можел да трае до 15 јуни.

Можете да прочитате

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование