Утрински Весник
Свет

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата со коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање.

Затоа Народната банка на Шведска ги предупредува граѓаните, бидејќи стравува дека готовината физички би можела целосно да исчезне.

Родителите во Шведска не им го даваат во готово дури ни џепарлакот на децата, пишува германскиот неделник „Фокус“.

Весникот наведува дека само 16 проценти од децата добиле џепарлак во готово, додека 84 проценти имаат дигитални штедни книшки.

Истражувањето покажа дека во Шведска, генерацијата помеѓу 18 и 34 проценти во 75 проценти од случаите не плаќа во готово.

Корона-кризата ја зголеми аверзијата на Швеѓаните кон готовина и интересно е што повеќето плаќања се вршат без контакт, преку NFC-чип на картичката или преку мобилен телефон.

Гувернерот Штефан Ингвес верува дека младите, бидејќи повеќе не користат готовина, нема да знаат ништо за изгледот на банкнотите.

Постојат и други ризици, бидејќи сајбер-нападите можат да оневозможат безготовинско плаќање и на тој начин да предизвикаат проблеми во општеството.

Тој побара од владата да донесе закон што ќе ги обврзува банките во земјата секогаш да имаат одредени количини на готовина во своите трезори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата