Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора пристигнаа вакцините на „Синофарм“

Во Црна Гора пристигнаа вакцините на „Синофарм“

Контингент од 30.000 дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ пристигна во Црна Гора.

Вакцините во просториите на Монтефарм ги пречекаа министерот за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ и амбасадорот на Кина во Црна Гора Лиу Џин.

Минатата недела започна вакцинацијата на вработените во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) кои работат со пациенти кои заболеле од коронавирус, а првата вакцина ја прими министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фредериксен: Европа нема да биде уценувана

Работници од Непал штрајкуваат во Хрватска

Загинати и повредени во пожар во Пакистан