Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Црна Гора од утре дозволено присуство на публика на стадионите

Во Црна Гора од утре дозволено присуство на публика на стадионите
300x250 opst2

Од утре во Црна Гора ќе бидат дозволени приватни и јавни отворени собири со присуство до 50 лица и почитување на препораките на Институтот за јавно здравје.

Ова го соопшти државниот секретар на Министерството за здравство, Борко Бајиќ, по повод презентацијата на новите мерки против коронавирусот.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, од утре ќе биде дозволено присуство на публика на спортски настани, под услов зафатеноста да биде до 10% од капацитетот за седење и под услов да има најмалку едно слободно место помеѓу гледачите.

Дозволени се групни обуки на отворено, исто така, со капацитет до 50 лица. Временското ограничување за работа на продавниците, кои беа отворени до 22 часот, е укинато.

Угостителските објекти ќе бидат отворени до полноќ. Музика во живо на терасите и градините е дозволена од 20:00 до 23:00 часот. Исто така дозволена е и работа на забавни паркови и рингишпили но со почитување на мерките.

Според директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, кривата на пандемијата од Ковид-19 укажува на тоа дека болеста е на најниско ниво од јули минатата година.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус