Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Хрватска 549 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во Хрватска 549 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа
Img 7972

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 549 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа, а бројот на активни случаи е 2.955.

Хрватските медиуми пренесуваат дека 1.203 пациенти се во болница, од кои 106 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 234.702 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5.122 починале, вкупно 226.625 лица оздравеле, од кои 552 во последните 24 часа.

Во моментов има 13.993 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.217.755 лица, од кои 5.453 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа