Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 41 нов случај на коронавирус

Во Хрватска 41 нов случај на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска е потврден 41 нов случај на коронавирус. Починало едно лице.

Во Хрватска бројот на активни случаи е 749, од кои 133 се на болничко лекување.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, регистрирани се 4.923 случаи, од кои 140 починале, а 4.034 оздравеле.

Во самоизолација се 2.915 лица.

Тестирани се вкупно 114.090 лица, од кои 1.256 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски

Медведев: Средбата покажа дека преговори се можни без никакви предуслови

Повеќе од 320 мртви во обилните дождови во Пакистан