Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 4.620 новозаболени, 53 починати

Во Хрватска 4.620 новозаболени, 53 починати

Според последните податоци, во Хрватска се регистрирани 4.620 нови случаи на коронавирус за 24 часа. Во истиот период починале 53 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Хрватска изнесува 24.851, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 2.754 пациенти се во болница, од кои 296 се на апарати за дишење.

До денес, пријавено е дека вкупно 163.992 лица биле заразени со новиот коронавирус, од кои 2.420 починале и 136.721 закрепнале (3.466 во последните 24 часа).

Во моментов има 62.270 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 849.714 лица, од кои 12.095 во последните 24 часа.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: ЕУ мора да игра централна улога во обезбедувањето мир во Украина

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план

Руската армија тврди дека зазела уште три градови во источна Украина