Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 3.272 новозаразени со коронавирус, 68 починати

Во Хрватска рекорден број на починати и 2.378 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа се евидентирани 3.272 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 21.297.

Меѓу нив, 2.918 пациенти се во болница, од кои 294 се на апарати за дишење. Починаа 68 лица.

До денес, пријавено е дека вкупно 190.235 лица биле заразени со новиот коронавирус, од кои 3.023 починале. Закрепнаа 165.915 луѓе, од кои 4.352 во последните 24 часа.

Во моментов има 54.587 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 931.358 лица, од кои 10.849 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море